РЕГИОН

Црна Гора: „Европа сега“ со најмногу гласови, разговори за формирање влада

12.06.2023 09:33

Партијата која освои 26 насто од гласовите веројатно ќе биде во позиција да биде носител на формирање влада, но извесно е дека ќе треба да коалицира.

Движењето „Европа сега“ освои најмногу гласови на вонредните парламентарни избори во Црна Гора, одбележани со исклучително слаба излезност.

Партијата која освои 26 насто од гласовите веројатно ќе биде во позиција да биде носител на формирање влада, но извесно е дека ќе треба да коалицира.

Партијата на Милојко Спајиќ, доби 24 пратеници. Најави дека ќе разговараат со сите со кои, како што објасни, делат заеднички вредности, но јасно се изјасни дека нема да коалицира со демократската партија на социјалистите и граѓанското движење УРА.