Одбрана

НАТО организира најголеми воздушни маневри во Германија

12.06.2023 10:33

Вежбата „Ер Дефендер 23“ започнува денеска, со 10.000 учесници и 250 авиони од 25 земји. Вежбите се дизајнирани да симулираат одговор на напад врз земја-членка на НАТО...

НАТО ги организира најголемите воздушни маневри во својата историја на небото над Германија. Три зони на летови се привремено затворени и има доцнења на цивилните летови.

Вежбата „Ер Дефендер 23“ започнува денеска, со 10.000 учесници и 250 авиони од 25 земји. Вежбите се дизајнирани да симулираат одговор на напад врз земја-членка на НАТО.

Иако маневрите се одвиваат додека беснее војна меѓу Русија и Украина, официјални лица од германските воздухопловни сили рекоа дека идејата за вежбата датира од 2018 година, пред почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година.

Три области во воздушниот простор на државата ќе бидат засегнати од маневрите: делови од северна Германија и Северното Море, делови од источна Германија и Балтичкото Море и делови од југозападна Германија.