Свет

Почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

12.06.2023 11:09

Берлускони ја водеше италијанската влада од 1994 до 2011 година, а неговата партија Форца Италија е партнер во моменталната владeачка коалиција во Италија...

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст, објавија италијанските медиуми. Тој почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.

Во април тој се лекуваше од инфекција на белите дробови поврзана со леукемија од која боледуваше извесно време.

Берлускони ја водеше италијанската влада од 1994 до 2011 година, а неговата партија Форца Италија е партнер во моменталната владeачка коалиција во Италија.

Беше сопственик на неколку медиуми, а беше и сопственик и претседател на фудбалскиот клуб Милан во миговите кога тимот ги доживеа најголемите успеси во историјата.

Во април тој се лекуваше од инфекција на белите дробови поврзана со леукемија од која боледуваше извесно време.