Лога - Тигањ: Уставните измени ќе отворат можност за успешен почеток на преговорите за членство во ЕУ
На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ се разговараше за процесот на уставни измени и преземањето одговорност при носењето на одлуката со која ќе ни се отвори патот кон големото европско семејство...

Потребен е широк консензус за европскиот реформски пат кај сите политички партии, и од власта и од опозицијата. На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ се разговараше за процесот на уставни измени и преземањето одговорност при носењето на одлуката со која ќе ни се отвори патот кон големото европско семејство. Ова е неповратен процес кој нема алтернатива.
Преспа форумот за дијалог кој ќе се одржи на 15-ти и 16-ти јуни во Струга, а на кој ќе присуствуваат високи меѓународни претставници меѓу кои и претседателот на Хрватска и министерот за надворешни работи, ќе биде добра основа за продлабочување на меѓусебната соработка, зацврстување на стратешките партнерства, европската и евроатлантската перспектива на регионот.
Лога и Тигањ дискутираа и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите од Хрватска кои инвестираат во нашата држава и отворањето на нови работни места.
Билатералната соработка ќе се интензивира преку иницирање на заеднички напори за реализација на проекти преку кои ќе се пренесе знаењето и вештините за европските практики.
