Законски измени

Лицата со попреченост ќе бидат ослободени од целосна партиципација при користење здравствени услуги

12.06.2023 14:34

Лицата со попреченост ќе бидат ослободени од целосна партиципација при користењето здравствени услуги. Во Собранието поднесени се измени на Законот за здравствено осигурување. Од Коалицијата „Менуваме“ велат дека продолжуваат со преговорите со институциите, но и со протести, до остварување на сите права…

Луѓето со попреченост ќе бидат ослободени од целосна партиципација при користење здравствени услуги. Поднесени се измени на Законот за здравствено осигурување. „Како пратеници имаме обврска да работиме во интерес на сите граѓани“, рекоа од СДСМ.

„Во услови кога нè демне социјална и здравствена сиромаштија, после 31 година имаме исполнување на дел од нашите барања“, рекоа од коалицијата „Менуваме“. Очекуваат и натаму да се работи на подобрување на квалитетот на нивниот живот.

Од коалицијата „Менуваме“ велат дека остануваат на нивните барања-зголемување на додатокот за деца и возрасни за 78 проценти и на асистентската поддршка од 80 на 160 часа, како и иницирање на Народен правобранител за лицата со попреченост. Предлог-закон за остварување на нивните барања достави и Левица.

Александра Спировска