Богданци за две години ќе добие нов водоснабдувачки систем
Општинскиот центар Богданци за две години треба да добие нов водоснабдувачки систем, Станува збор за реконструкција на сегашната постоечка 40 километарска дистрибутивна мрежа со нови водоводни цевки и водомери. Целата инвестиција чини околу четири милиони евра, пари обезбедени од Министерството за животна средина…

До крајот на 2025-та година, Богданци треба да добие нова дистрибутивна водоводна мрежа со која жителите на овој општински центар ќе добијат квалитетна вода за пиење. Станува збор за реконструкција на водоснабдувачкиот систем стар над 60 години, кој се реализира со средства обезбедени од Министерството за животна средина во висина од четири милиони евра.
Со проектот се предвидува реконструкција на 179 крака од водоснабдувачката дистрибутивна мрежа со реконструкција на постоечките шахти и хидранти како и замена на сите водоводни приклучоци, кажа градоначалникот на Богданци, Блажо Шапов.
Владата упати апел до градоначалниците да подготвуваат проекти за водоводи и канализации со оглед дека се обезбедени средства за поддршка на општините за ваков вид на проекти.
Ване Трајков
