За да се спречи падот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ мора да се инвестира, предупреди Огнен Марина
Последната листа што ја објави центарот за рангирање на светски универзитети, го смести УКИМ на 1.990 место од вкупно две илјади најдобри универзитети во светот. За да се променат работите, Марина вели, мора да се направат исклучителни напори, да се искористат парите од европските фондови...

За да се спречи падот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, мора да се инвестира – предупреди деканот на архитектонскиот факултет, Огнен Марина. Последната листа што ја објави центарот за рангирање на светски универзитети, го смести УКИМ на 1.990 место од вкупно две илјади најдобри универзитети во светот.
За да се променат работите, Марина вели, мора да се направат исклучителни напори, да се искористат парите од европските фондови, да се работи на вмрежување и партнерство со меѓународни и европски универзитети.
Универзитетот нуди три циклуси на студии, додипломски, дипломски и докторски студии, а од почетокот на следниот семестар ќе профункционира и центарот за напредни постдокторски истражувања.
За да се направат врвни научни истражувања се потребни средства, но професорите се жалат дека недостига поддршка.
Ана Јосифоска Тодоровска
