Делчево

Јавен повик за пријавување штети од природна непогода од поплави и град во Делчево

12.06.2023 17:34

Сите потребни документи и обрасци може да се најдат на интернет-страницата на Општината. Пријавувањето трае 10 дена...

Граѓаните на Делчево од денеска можат да ја пријават штетата, предизвикана од невремето коешто минатата недела го зафати градот. Формирана е комисија за проценка. Сите потребни документи и обрасци може да се најдат на интернет-страницата на Општината. Пријавувањето трае 10 дена.

Отворена е и донаторска сметка за собирање средства. Сметката е објавена на општинската интернет-страница, а парите ќе бидат наменети за санација на последиците од природната непогода.