Берлин
Бундестагот ќе гласа за поддршка на нашата земја
12.06.2023 20:06
Резолуцијата е насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија“...

Германскиот Бундестаг в четврток ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на нашата држава во ЕУ, но, и за поддршка на македонски јазик и на македонскиот идентитет. Резолуцијата е насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија“. Предложена е од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.
Во германскиот парламент ќе се дебатира и за други документи за евроинтеграцијата на Западен Балкан, како и за поблиски врски со регионов на патот кон ЕУ.
