Иванов му понуди помош на Николиќ за справување со последиците од поплавите

16.05.2014 11:09

Претседателот на Репубика Македонија Ѓорге Иванов вчеравечер телефонски разговарал со српскиот претседател Томислав Николиќ, при што изрази жалење за изгубените животи и настраданите во невремето и поплавите кои ја зафатија Србија.

Како што соопшти неговиот кабинет, Иванов на Николиќ му порачал дека Република Македонија е подготвена да понуди помош и да ги стави на располагање своите расположливи ресурси со цел справување со последиците од невремето.

Двајцата соговорници се согласиле дека е неопходно засилување на регионалната соработка и координирана акција во справувањето со природните несреќи и катастрофи, кои се во се поголем пораст, а со цел нивна превенција и ублажување на последиците, се вели во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател.