Руско - украински конфликт

Жртви во напад во Криви Рог

13.06.2023 10:03

Три лица загинаа, а 25 се повредени во ракетен напад на руските сили врз Криви Рог. Погодена е петкатница...

Три лица загинаа, а 25 се повредени во ракетен напад на руските сили врз Криви Рог. Погодена е петкатница. Напади се регистрирани и во Киев и Харков.

Руски гувернер тврди дека украинските сили гранатирале две села во Курска област. Според Киев, остварен е дополнителен напредок во контраофанзивата која почна минатата недела и досега биле ослободени седум населби.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за експлозијата на браната Каховка, што доведе до катастрофални поплави и хуманитарна криза во Херсонската област.