ШВЕДСКА

Шведска ќе испорача поддржувач на ПКК во Турција

13.06.2023 10:07

Одлуката е во согласност со барањето на Анкара кое го постави како услов за влез на скандинавската држава во НАТО...

Шведска ќе и испорача на Турција поддржувач на Работничката партија на Курдистан, кој во матичната земја е осуден за шверц со дрога. Одлуката е во согласност со барањето на Анкара кое го постави како услов за влез на скандинавската држава во НАТО.

35-годишникот е симпатизер и на Народната демократска партија, а во 2014-та година бил осуден на 4 до 5 години затвор откако кај него била откриена торба со марихуана.