САД

Трамп пристигна во Флорида

13.06.2023 10:12

Трамп пристигна во Флорида, треба да се појави пред судот поради обвинението за доверливите документи...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Мајами, каде што ќе се појави пред судот поради обвинението за неправилно чување на доверливи документи поврзани со националната безбедност.

И покрај судскиот процес, тој почна кампања за освојување на републиканската номинација за претседателските избори в година. Доверливите документи, меѓу другото, се однесувале и на нуклеарните програми на САД, одбранбените и вооружени способности, и потенцијалните слабости.

Трамп претходно беше обвинет и од Окружното обвинителство на Менхетен за фалсификување деловни документи во врска со пари платени на порноѕвезда, во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016-та година.