Свет

Сирија: 22 американски војници повредени во хеликоптерска несреќа

13.06.2023 10:19

Во хеликоптерска несреќа, во североисточна Сирија, беа повредени 22 американски војници. Во тек е истрага за причината. Досега не бил пријавен непријателски оган...

Во хеликоптерска несреќа, во североисточна Сирија, беа повредени 22 американски војници. Во тек е истрага за причината. Досега не бил пријавен непријателски оган.

Американските сили се во Сирија од 2015-та година за да ги советуваат и помагаат Сириските демократски сили предводени од Курдите, во борбата против терористичката група Исламска држава.

Откако екстремистичката група беше поразена во март 2019-та година, американските трупи се обидуваат да спречат какво било враќање на ИД, која се прошири во Ирак и Сирија во 2014-та година, преземајќи ја контролата врз големи делови од територијата.