Македонија
ЕУ не ги коментира партиските препукувања, уставните измени се преземена обврска
13.06.2023 10:45
Делегацијата на Европската унија во земјава се оградува од коментари за разговорите меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски...

Делегацијата на Европската унија во земјава се оградува од коментари за разговорите меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Велат, децидни се заклучоците на Советот од јули 2022-та година.
„За да се заврши оваа фаза на отворање на преговорите, Советот одлучи да свика уште една меѓувладина конференција која ЕУ е подготвена да ја одржи без дополнителни одложувања и дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба да ги заврши уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури“, велат од делегацијата на ЕУ.
