Македонија

Стабилна состојбата по невремето во Прилеп

13.06.2023 11:02

Најинтензивно беше околу 14 и 15 часот, кога поради поројните врнежи атмосферската канализација не можеше одеднаш да ја прими водата, па улиците наликуваа на реки...

Стабилна е состојбата во Прилеп по вчерашното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици. Најинтензивно беше околу 14 и 15 часот, кога поради поројните врнежи атмосферската канализација не можеше одеднаш да ја прими водата, па улиците наликуваа на реки.

Граѓаните од населбите Варош и Тризла пријавија поплавувања, па интервенираше противпожарната единица за да се испумпа водата. Пријавени беа и две поплавени возила на излезот од Прилеп, а имаше неколку искрења на жици.

Екипите на прилепски Водовод ги исчистија улиците од наноси веднаш по поројните дождови и ситуацијата е стабилна.