Велика Британија

Блокиран Нотингем, повеќемина мртви

13.06.2023 11:55

Еден маж е уапсен под сомнение за убиство, откако се обидел да прегази уште три лица со комбе...

Три лица се пронајдени мртви во централниот англиски град Нотингем. Еден маж е уапсен под сомнение за убиство, откако се обидел да прегази уште три лица со комбе.

„Ова е ужасен и трагичен инцидент кој однесе три човечки животи. Веруваме дека овие три инциденти се поврзани и еден 31-годишен маж е во притвор во врска со нив. Истрагата сѐ уште е во рана фаза“, изјави шефицата на полицијата Кејт Мејнел.

Неколку патишта се затворени, а локалната трамвајска мрежа е суспендирана додека полицијата се справува со инцидентот.

Според првите информации кои ги потврди и полицијата, убиствата се случиле нешто по 4 часот наутро. Во инцидентот се повредени неколку лица.