Јокиќ испиша историја предводејќи го Денвер до шампионскиот трофеј
Предводник на Нагетс беше центарот Никола Јокиќ со 28 поени и 16 скока. Кај Хит исто така дабл-дабл ефект имаше Бем Адебајо – 20 поени и 12 скока. За најкорисен играч (МВП) во финалето е прогласен Јокиќ.
Нагетс ноќеска го совладаа Мајами со 94:89 и по вкупни 4-1 во финалната серија на плејофот за првпат во историјата станаа шампиони во НБА.
Предводник на Нагетс беше центарот Никола Јокиќ со 28 поени и 16 скока. Кај Хит исто така дабл-дабл ефект имаше Бем Адебајо – 20 поени и 12 скока. За најкорисен играч (МВП) во финалето е прогласен Јокиќ.
Завршена работа, сега можеме да си одиме дома. Мајами е одличен тим. Неверојатен тим за кој имам многу почит. Петтиот натпревар беше страшен за нас, немавме реализација на ниво, но, на крајот сфативме како да се одбраниме, изјави Јокиќ за „ESPN“.
Дваесет и осумгодишниот Србин стана првиот играч надвор од топ 15 на драфтот кој беше прогласен за МВП на финалето и МВП на регуларниот дел од сезоната. Тој исто така стана првиот играч во историјата на НБА кој е прв на листата играчи според постигнати поени, остварени скокови и асистенции во ист плејоф.
