Македонија

Битолските основни училишта запишаа над 200 првачиња помалку

13.06.2023 12:43

По Прилеп, и Битола покажува дека во основните училишта од година во година се намалува бројот на запишани првачиња. Финишот на запишувања за следната учебна година вели дека досега се запишани 230 помалку од она што стои во списокот на СВР Битола и книгата на родените…

Неколкугодишниот негативен тренд на новозапишани првачиња во битолските основни училишта ќе се почувствува и во следната учебна година.

Повозрасните граѓани, баби и дедовци, веќе на ја кријат загриженоста од тоа што во блиска иднина може да доминира староста и наместо училишта, повеќе да ни се потребни старски домови. Според нив, причините се јасни и не се работи за семејства кои заминале на некакви сезонски работи.

Намалениот број првачиња посебно се чувствува кај училиштата во чија близина нема колективни станбени згади. Очекувањата дека и во следните години негативниот тренд ќе се движи околу 13 проценти го отвора прашањето колку професијата наставник е загрозена.

Директорот на основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, Никола Пискачев апелира, преку стимулативни мерки што поскоро да се започне на ублажување на овие состојби, затоа што ваквата слика во следниве години ќе создава проблеми во уписните политики на средните училишта и во високото образование.

Стевче Митревски