Влада: Не е прашање дали, туку кога ќе има уставни измени
Во СДСМ веќе е формирана работна група која се обидела да искомуницира со ВМРО-ДПМНЕ, но засега без успех.

Не е прашање дали ќе има уставни измени и какви ќе бидат, туку кога ќе се случат, брифираат од Владата објаснувајќи ги позициите по лидерската средба.
Оттаму се децидни дека и за власта и за опозицијата не е спорно усвојувањето на измените, но ќе продолжи дијалогот до финализирање на процесот.
Во СДСМ веќе е формирана работна група која се обидела да искомуницира со ВМРО-ДПМНЕ, но засега без успех.
Партијата е подготвена да отстапи пола од своите ресори за влез на опонентите во владата, а кои министерски места би ги добила партијата на Мицкоски, засега не е познато.
Од Владата велат дека се подготвени да ја отстапат и премиерската позиција.
