Млади македонски виолинисти на „Виолин фест“
. Ревијалниот концерт е во рамките на фестивалот ,,Виолин фест“. Учесниците ќе се претстават со дела на: Крајслер, Виењавски, Бакланова, Кабалевски, Сен-Санс, Барток и други, а ќе настапат во пијано придружба на Марија Вршкова...

Вечерва, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Македонската Филхармонија ревијален концерт ќе одржат млади виолинисти од музичките училишта од Македонија и Србија. Ревијалниот концерт е во рамките на фестивалот ,,Виолин фест“. Учесниците ќе се претстават со дела на: Крајслер, Виењавски, Бакланова, Кабалевски, Сен-Санс, Барток и други, а ќе настапат во пијано придружба на Марија Вршкова.
Организаторот и уметнички раководител, концерт мајсторот на Македонската Филхармонија, Владимир Костов истакна дека на деветтото издание на фестивалот ќе настапат единаесетмина млади виолинисти и дека намерата е на едно место да се презентира талентот на младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст и дека овој настан веќе прераснува во традиционален.
