Македонија

И оваа година еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром

13.06.2023 14:01

Рокот за пријавување е од 15-ти јуни до 29-ти септември 2023-та година.

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3.500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од 15-ти јуни до 29-ти септември 2023-та година.

Родителите на првачињата потребно е до архивата  на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година заверена од основно училиште  од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.