Истражување

Граѓаните не веруваат во правосудството

13.06.2023 14:22

Вештачењата се најголем ризик за корупција во судството, оценуваат судиите и обвинителите. Истражувањата открија, речиси третина од нив се соочиле со влијание во постапките од страна на извршната власт или политичарите...

Пристрасните судски вештачења, највисок надворешен ризик од корупција во правосудството. Истражувањето покажало дека кај судии имало обид за влијание од нивни колеги или претпоставени, но и од извршната власт и политички партии. Јавните обвинители пак, главно се соочиле со влијание од адвокати, нивни колеги и шефови.

Од здруженијата на судии и јавни обвинители со порака – недостига иницијативата од самите судии и обвинители во зачувувањето на независноста преку одбивањето на формите на влијание. Велат, клучот е во личниот влог.

Испитаниците се скептични околу улогата на советите за судии и за јавни обвинители. Не веруваат дека одлуките ги носат самостојно и независно. Дел се изјасниле и дека не се чувствуваат безбедни во канцеларија, но и во приватниот живот. Од меѓународните претставници во земјава веќе позната порака – корупција има, треба повеќе работа.

Анкетата е спроведена врз 212 судии и 83-ца јавни обвинители, во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

Наташа Гркова Петрушевска