Во недела и во понеделник ќе се прска против комарци

16.05.2014 11:21

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, и тоа во истиот термин...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека првиот наврат на аеросолната дезинсекција  (авионска) против комарци за годинава, ќе се одвива во недела и во понеделник, во периодот од 5.30 до 8 часот.

Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (од земја) против комарци ќе се одвива од 19 до 23 мај (од понеделник до петок), во периодот од 23 до 4  часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, прскањето против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, и тоа во истиот термин.

Градот ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.