Меѓународната конференција

Прилеп: Театарот има свои посебности и универзални вредности

13.06.2023 14:48

Во Прилеп во тек е 57-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Има богата програма и е на средината од одржувањето. На Меѓународната конференција беше потврдена констатацијата – театарот има свои посебности, но и универзални вредности. Фестивалот развива меѓународна програма...

Театарот има свои посебности од каде што доаѓа, но е универзална уметност и неопходни се соработки и размени на идеи. Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е вистинско место, бидејќи сака да ја развива меѓународната програма, беше речено на Меѓународната конференција. Фестивалот е на средината од одржувањето.

Поставувањето претстави од македонски автори и со македонски режисери на сцените во Регионот, што и се прави, е чекор напред во универзалноста естетиката на уметноста.

„Преку мрежата на национални театри се покажува дека Македонија сака да го развива театарскиот систем и уметноста што претставува жив дел од современата култура и тоа е за почит“рече Јанко Љумовиќод ФДУ, Цетиње, Црна Гора.

„Македонскиот театар е на добар патне само да го сочува оној ореол кој го имаше од порано како еден од значајните театри на бившите ЈУ-простори, туку и да го подобри во многу сегменти. Само жал ми е што нема претстави на театрите од македонски автори“изјави Мирослав Радовиќ, директор на „Стеријно позорје“, Нови Сад.

„Таа симбиоза, соработка со српското театарско милје е добро што се користи за презентација на македонската уметност и во Европа, а македонската продукција има потенцијал“рече Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“

Со вечерашните две претстави, публиката проследува 6, од 10-те претстави во официјалната програма. Пет се независна продукција со македонски автори, има фестивалски зони, театар за деца, промоции. Фестивалот трае до петок 16-ти јуни.

Елизабета Митреска