Регион

Во Косово приведен организаторот на нападот на КФОР

13.06.2023 17:49

Граѓаните одново излегоа на протест откако беше уапсен еден од организаторите на нападот врз припадниците на КФОР во Звечан...

Тензично на северот на Косово. Граѓаните одново излегоа на протест откако беше уапсен еден од организаторите на нападот врз припадниците на КФОР во Звечан. Според првиот човек на косовската полиција при апсењето тројца полицајци се повредени. Уапсениот бил водачот на организација која ја сочинуваат локални Срби, позната како „цивилна заштита“ и кои на 29-ти мај маскирани ги нападнаа силите на КФОР ранувајќи 30 војници, од кои тројца со огнено оружје.

Односите меѓу Косово и Србија повторно се затегнати откако во четири општини на северот има протести на групи локални Срби кои се противат на влезот во општинските објекти на новите градоначалници.