Сообраќај
МВР: 136 санкционирани возачи во Скопје
14.06.2023 08:54
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од МВР.
