Руска помош пристигнува во Србија

16.05.2014 11:29

Руското министерство за вонредни состојби и цивилна заштита испрати спасувачи во Србија, за давање  помош во спасувачките акции, по поплавите што ја погодија земјата и кои однесоа пет човечки животи, соопштило руското министерство, пренесуваат српските медиуми.

„Авион Il-76 на министерството полета од аеродромот Раменскоје. Во него се 70 спасувачи", се наведува во соопштението.

 Министерството упатило спасувачи од аеромобилниот одред 'Центроспас' и Центарот за изведување на особено ризични операции 'Лидер'. Во авионот се наоѓа високотехнолошка спасувачка опрема, вклучувајќи нуркачка и специјална опрема, како и моторни чамци. Рускиот одред е спремен да делува автономно 15 денови.

 Поплавите што ја зафатија Србија во средата ја парализираа земјата, а српската влада прогласи вонредна состојба.

 Како што јавува српската телевизија B92  изутринава  ситуацијата е најкритична во населбата  Обреновац во Белград, каде што има индиции дека исчезнало едно постаро лице. Во Обреновац се упатени дополнителни сили од Секторот за вонредни ситуации од Војводина, како и тимови на антитерористичката единица, кои беа и во Лазаревац и Уб и се врши евакуација на населението.

 На територијата на Србија поради поплавите до сега се евакуирани 6.175 луѓе, повредени се 20 луѓе, а едно лице се води како исчезнато, според последниот извештај на министерството за внатрешни работи. Вчера српските медиуми пренесоа дека пет лица загинале во природната катастрофа.

 Во спасувачките акции се вклучени 1.654 припадници на противпожарните единици, 365 возила, 73 пумпи, 50 чамци, 75 членови на антитерористичката единица со 22 возила, исто толку припадници на Специјалната антитерористичка единица со 19 возила и три чамци, 333 припадници на Жандармеријата, 494 припадници на Војската со седум хеликоптери и 39 моторни возила.

 Метеоролошкиот сајт SerbianMeteo соопшти дека циклонот, што на 13 мај ја зафати Србија, го добил името Тамара.

 Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија соопшти дека времето денеска повторно ќе биде врнежливо, но со ослабнат интензитет на врнежите.