Македонија

Во Струга, физички нападнат копретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“

14.06.2023 09:00

Од бугарското МНР информираа дека веднаш бил испратен вработен во Генералниот конзулат во Битола, за да го расчисти случајот и да се установи дали евентуално инцидентот има етничка позадина.

Вчера физички бил нападнат копретседателот на Здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“, Бекир Кадриески, жител на Лабуништа.

Од бугарското МНР информираа дека веднаш бил испратен вработен во Генералниот конзулат во Битола, за да го расчисти случајот и да се установи дали евентуално инцидентот има етничка позадина.

Инцидентот го потврди и охридската полиција, која работи на откривање на сторителот и на мотивот. Информираа дека се работело за нерасчистени меѓусебни односи. По нападот, Кадриески бил хоспитализиран во струшката болница.

Македонското МНР апелира на воздржаност од предвремени квалификации, сè до расчистување на случајот. Со осомничениот за нападот, лице од Велешта, бил извршен службен разговор и е известен јавен обвинител.

Настанот не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата на помалите заедници, вклучително и бугарската заедница, велат од МНР.