Македонија

МВР: Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведен дилер

14.06.2023 10:04

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дробилки, дигитална вага и други предмети, соопштуваат од МВР.

Вчера вечер во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Штип и од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.К.(18) од Штип.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дробилки, дигитална вага и други предмети, соопштуваат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.