Руско - украински конфликт

Жртви во Одеса

14.06.2023 10:11

Три лица се убиени, а десетина се ранети во руски ракетен напад врз Одеса. Биле употребени крстосувачки ракети од типот „Калибр“...

Три лица се убиени, а десетина се ранети во руски ракетен напад врз Одеса. Биле употребени крстосувачки ракети од типот „Калибр“. Два од проектилите биле соборени од противвоздушната одбрана.

Киев и натаму се фали со напредок во контраофанзивата, која според рускиот претседател Путин, почнала на 4-ти јуни, но не била успешна. Кремљ процени дека загубата на украинската страна била 10 пати поголема од руската.