Трамп се изјасни за невин во случајот со доверливите документи
Судењето за аферата со доверливите материјали, по неговото заминување од Белата куќа, се одржа во Мајами. Ова е прв пат во американската историјата поранешен претседател да се најде на обвинителна клупа на федерален суд...

Поранешниот претседател на САД, Трамп, се изјасни за невин по обвинувањата за незаконско чување на тајни државни документи. Судењето за аферата со доверливите материјали, по неговото заминување од Белата куќа, се одржа во Мајами.
Трамп планира да учествува повторно на претседателските избори в година и засега важи за најсериозен кандидат на Републиканците. Ова е прв пат во американската историјата поранешен претседател да се најде на обвинителна клупа на федерален суд.
Трамп, во април, веќе беше во судница во Њујорк во врска со тужба за плаќање мито на порно ѕвезда, а против него се води истрага и во други случаи, но овој со тајните документи има најголема правна тежина.
