Образование

Основците од денеска на распуст

14.06.2023 10:19

Учебната година заврши и без учебници за дел од предметите. Министерот за образование Шаќири, проблемот со учебниците како оној со македонски јазик за трето одделение го лоцира во недоволната заинтересираност на авторите да се пријават на повиците...

Наставата од учебната 2022-2023 денеска завршува и за основците. До летниот распуст одработија три дена повеќе од средношколците, поради продолжениот зимски распуст заради заштеда на струја за греење на училиштата.

Учебната година заврши и без учебници за дел од предметите. Министерот за образование Шаќири, проблемот со учебниците како оној со македонски јазик за трето одделение го лоцира во недоволната заинтересираност на авторите да се пријават на повиците, па решенија ќе се бараат и преку подготвителни материјали. Уверува дека од први септември учебници ќе има, но сѐ уште не може да се најде кој ќе го напише учебникот по македонски за петто одделение.