„Животот е убав“ - традиционален концерт на Филхармонија во Градски парк
Утревечер, во 21 часот, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи традиционалниот концерт на Македонската Филхармонија „Животот е убав“. Изведбата ќе биде проследена со видеопроекции...

Утревечер, во 21 часот, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи традиционалниот концерт на Македонската Филхармонија „Животот е убав“. Изведбата ќе биде проследена со видеопроекции.
На програмата се: „Омаж на Федерико Фелини“, Суита од „Кум“, „Љубовна тема“ од „Ромео и Јулија“, музиката од филмови како „Јулија и духовите“, „Анонимен венецијанец“, „Кучешки свет“ и „Животот е убав“ и компилација на теми на Енио Мориконе. Диригент е Миријан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранот Саломе Џикија (Грузија), Марио Стефано Пјетродарки (Италија) и хорот „Про Арс“.
Концертот се реализира со поддршка на Италијанскиот институт за култура во Белград и Италијанската амбасада во Скопје и со него, воедно ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Италија.
