РЕГИОН

БиХ: Ученик застрела наставник во училиште во Лукавец

14.06.2023 10:35

Според локалните медиуми, станува збор за поранешен ученик кој бил префрлен поради лошо однесување.

Едно лице е застрелано утрово во основно училиште во Лукавац кај Тузла откако ученик дошол со пиштол во објектот и барал вработени во училиштето. Тој застрелал еден наставник кој е во тешка состојба.

Според локалните медиуми, станува збор за поранешен ученик кој бил префрлен поради лошо однесување. Градоначалникот на Лукавац соопштил дека полицијата веднаш го ставила под контрола и привела малолетниот напаѓач.

Полицијата се уште не соопштува детали за случајот, наведувајќи дека од терен се прибираат оперативни информации.