КИНА-САД

Чин во телефонски разговор со Блинкен: Кинеско-американските односи се соочуваат со тешкотии

14.06.2023 11:43

Кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, рече дека односите меѓу двете земји се соочуваат со тешкотии и предизвици...

Кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, рече дека односите меѓу двете земји се соочуваат со тешкотии и предизвици. Пекинг додаде дека Кина отсекогаш ги водела односите врз основа на меѓусебно почитување, соживот и соработка.

„Разговаравме за одржување на отворени канали за комуникација, како и за билатерални и глобални прашања“, објави Блинкен на Твитер.

Повикот доаѓа пред очекуваната посета на Блинкен на Кина в недела.