СИРИЈА
Израелски напад врз Дамаск
14.06.2023 13:14
Повреден сириски војник во израелски воздушен напад врз Дамаск...

Повреден сириски војник во израелски воздушен напад врз Дамаск. Противвоздушната одбрана ги пресретнала проектилите што Израел ги лансирал од Голанската висорамнина.
Ракетирањето трае со години и се врши врз цели што ги сметаат за поврзани со Иран.
Влијанието на Техеран во Сирија порасна откако почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што почна во 2011-та година.
