Учениците на распуст, предизвиците остануваат
И за околу 6.000 прилепски основци заврши учебната година полна со предизвици и проблеми кои наесен треба да бидат решени. Стигнаа свидетелствата, преку летото треба и учениците. Но останува еден од најголемиот проблем-иселувањето и намалениот број првачиња, дури за 40 насто…

Заврши учебната година и за речиси 6.000 прилепски основци. Полна со неизвесности и предизвици стигна до крајот. И учениците, повеќе наставниците се снаоѓаа како знаат и умеат. Особено поради учебниците.
Учениците среќни за распустот, но не ги заборавија тешкотиите.
Крајот на учебната година ги сумира бројките за најголемите проблеми. Од 10-те основни училишта во текот на учебната година се испишале преку 300 ученици. Со родителите заминале странство. Загрижува најголем процент досега, дури за 40 насто, е намален бројот на првачињата.
Во последен момент стигнаа свидетелствата. На лето ќе се решава проблемот со учебниците, а на есен ќе се види колку ученици ќе се вратат во училишните клупи.
Елизабета Митреска
