Вработените во Царина на предупредувачки протест в петок
Цариниците в петок излегуваат на предупредувачки протест, бараат потпишување на колективниот договор и повисоки плати. Во спротивно, се заканија со затворање на граничните премини...

Предупредувачки протест на вработените во Царинска управа в петок во траење од половина час, најави Синдикатот на УПОЗ. Бараат исплата на додатокот од триесет проценти на плата. Велат, овој додаток, иако им следува согласно закон и колективен договор, не го добиваат. Ако барањето не се исполни, се најавува радикализација на протестите, се размислува и за блокирање на гранични премини.
И, додека од Синдикатот на УПОЗ најавија дека ова ќе биде првиот од протестите што ќе следат и во другите институции, министерот за финансии Бесими посочува дека интензивно се работи на новата методологија и на општиот колективен договор за сите вработени во јавниот сектор.
Откако неделава на протест излегоа и вработените во УЈП, тие реагираат на ставовите на Бесими. За нив е зошто треба да чекаат општ колективен договор, кога средствата за исплата на нивните плати се обезбедени во буџетот на УЈП за годинава.
Марија Котовска
