Средба на претседателот Пендаровски со Ангелина Ајхорст, директорка при Европската служба за надворешни работи
На средбата беа разменети информации за актуелните политички состојби во земјава и во регионот, за текот на пристапните преговори за членство во ЕУ и реформските процеси, како и за европската перспектива на државите од Западен Балкан...

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ангелина Ајхорст, извршна директорка за Европа и Централна Азија при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
На средбата беа разменети информации за актуелните политички состојби во земјава и во регионот, за текот на пристапните преговори за членство во ЕУ и реформските процеси, како и за европската перспектива на државите од Западен Балкан.
Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија останува посветена на спроведување на неопходните реформи.
Како што соопштија од претседателската прес-служба, на средбата беше посочена важноста од натамошно унапредување на регионалната соработка во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и просперитетот на целиот регион, како и потребата за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија.
