Перо Антиќ, првиот македонец во НБА
Првиот Македонец што игра во американската НБА лига, Перо Антиќ играше половина од напреварот против домаќинот Визардс од Вашингтон.
-Ова не е европска кошарка и се уште се привикнувам на новите услови, изјави Антиќ по напреварот во Вашингтон.
Со развиорени македонски знамиња, Македонците од Вашингтон беа единствените навивачи за гостинскиот тим на Перо Антиќ, Атланта Хокс.

-„Чувството е одлично. Се отвораат вратите на нашата држава. Пред се да се запознае народот тука, бидејќи никој претходно не знаеше каде и како е Македонија, а сега сите се интересираат. Така што, мило ми е за тоа“, изјави Антиќ.
Антиќ им се заблагодарува на сите Македонци коишто го бодрат во Америка, дури и во градови кадешто ги во помал број како во Вашингтон. Правилата на НБА не ми дозволуваат да се видам повеќе време со Македонците по напреварот, вели Антиќ којшто не пропушта насекаде да истакне дека доаѓа од Македонија.
-„Секаде каде што бев, одлично пречекан, одлично бодрен и благодарам за тоа. И на гостување во Кливленд, во Торонто ќе доаѓаат Македонци. Ќе гледам да ги испочитувам колку што можам, но некои НБА правила не дозволуваат да се останува по напреварот бидејќи директно одиме во авион“, вели Антиќ.
Тренерот на Атланта Хокс и покрај поразот изјави по напреварот дека екипата се држела добро и дека се согледани слабостите за идните средби со Визардс. Атланта Хокс со 9 победи и 8 порази, сепак има подобар резултат во Југоисточната лига на НБА од Визардс од Вашинтон со 8 порази и 8 победи.
Атланта изгуби, но остануваат да се играат уште четири напревари со Визардс до крајот на сезоната. За Македонската телевизија од Вашингтон, Ирина Гелевска.
Ирина Гелевска