Вроцлав на патот за ЕП 2015
Одбојкарската репрезентација на Македонија следната станица на патот за Европското првенство во 2015 година ја има во Вроцлав. Од денеска започнува нова фаза од квалификациите. Полска, Словенија и Летонија се испречени пред македонскиот состав во исцрпувачкото натпреварување што води на Еуропеото, чии домаќини ќе бидат Италија и Бугарија. Македонија во минатиот викенд имаше успешно „загревање“ во Струмица со трите уверливи победи над Азербејџан, Грузија и Шведска. Во Вроцлав, искушенијата ќе бидат далеку поголеми.

Одбојкарската репрезентација на Македонија следната станица на патот за Европското првенство во 2015 година ја има во Вроцлав. Од денеска започнува нова фаза од квалификациите. Полска, Словенија и Летонија се испречени пред македонскиот состав во исцрпувачкото натпреварување што води на Еуропеото, чии домаќини ќе бидат Италија и Бугарија. Македонија во минатиот викенд имаше успешно „загревање“ во Струмица со трите уверливи победи над Азербејџан, Грузија и Шведска. Во Вроцлав, искушенијата ќе бидат далеку поголеми. Во борбата за едно од првите две места во групата Полска е апсолутен фаворит. Ја има улогата на домаќин и моќник во светската одбојка. Беше олимписки шампион во 1976, светски првак во 1974, европски првак во 2009 година. Последниот медал, бронзен, Полјаците го исковаа на ЕП во 2011 година. Во моментов е 5-та на светската одбојкарска листа.Македонија од позиција на „аутсајдер“ од 117 ранкинг во светот го започнува турнирот. Словенија е првиот противник.Важи за фаворитот број два. Словенците се рангирани на 38-то место на ФИВБ листата. Беа учесници на последните две европски првенства: во 2011 се пласираа на 9-то место, во 2013-беа 13-ти. На 4 јануари оваа година Македонија и Словенија играа во квалификациите за Светското првенство во групата во Ниш. Словенија победи со 3:0,но со тесен резултат во сите три сета. Селекторот Жарко Ристовски и нашите репрезенти денеска се надеваат на поинаков епилог! Летонија е четвртиот учесник. Репрезентација која исто така е релативно високо рангирана, на 52 место во светот. Само еднаш досега Летонците биле на завршниот дел од Европските првенства. Во 1995-та година во Грција го освоија 11-то место.
Турнир Вроцлав: распоред
16 мај: 15.00: Македонија – Словенија
17.30: Полска-Летонија
17 мај: 15.00: Словенија- Летонија
18.00: Македонија-Полска
18 мај: 15.00: Македонија-Летонија
18.00: Словенија - Полска
