Силно невреме ги зафати Крива Паланка, Велес и Кавадарци
Поради обилните врнежи од дожд во Велес, ТППЕ Велес интервенирала на поплава на два деловни објекта...

Попладнево невреме на територијата на Крива Паланка, Велес и Кавадарци. Од силниот пороен дожд кој во попладневните часови ја зафати територијата на Општина Крива Паланка прекинат е регионалниот пат кој води кој границата со Република Србија. Поради обилните врнежи од дожд во Велес, ТППЕ Велес интервенирала на поплава на два деловни објекта. На регионалниот пат од Кавадарци-Прилеп, кај тунелите од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода со опасност за излевање.
Биле известени субјектите во СУК и било стапено во контакт со лицето од ЕЛС Кавадарци по што стапено е во контакт со изведувачот на тој патен правец и во случај на излевање на реката, во содејство со изведувачите на автопатот -Сино Хидро ќе интервенираат со нивни машини за да не дојде до излевање и поплавување на патот.
