Косово

Забранет влез за српска стока во Косово

15.06.2023 09:53

По апсењето на тројца припадници на косовската полиција, косовската влада донесе одлука да забрани влез на српска стока во Косово...

По апсењето на тројца припадници на косовската полиција, косовската влада донесе одлука да забрани влез на српска стока во Косово. За товарни, но и за празни камиони со српски регистарски таблици е забранет влез преку граничниот премин. Може да поминуваат само патнички автомобили.

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свеќља, изјави дека тој лично одлучил за забраната по апсењето на тројца полицајци, за кои косовската страна тврди дека биле „киднапирани“ на територијата на Косово, додека српските власти тврдат дека биле приведени на територијата на централна Србија.