„Дон Џовани“ во недела на сцената на МОБ

16.05.2014 11:54

Во „Дон Џовани“ настапува интернационална солистичка екипа од која сите солисти работат во Италија, татковината на операта...

Во рамки на 42-те Мајски оперски вечери, во недела со почеток во 20 часот на сцената на Македонската Опера и Балет, ќе биде изведена претставата „Дон Џовани“ од В. А. Моцарт.

Во „Дон Џовани“ настапува интернационална солистичка екипа од која сите солисти работат во Италија, татковината на операта.

Под дриигентска палка на Џузепе Сабатини (Италија) ќе настапат  Хавиер Ландете (Шпанија),  Алесио Потестио (Италија),  Кацухиро Котецу (Јапонија),  Анџела Низи,  Благој Нацоски,  Џесика Роуз Камбио (САД),  Џулија Де Блазис (Италија), Итало Проферише (Италија).