НАТО

Столтенберг: Украина трпи загуби

15.06.2023 09:54

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, рече дека Украина има големи загуби во контраофанзивата на југоистокот од земјата...

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, рече дека Украина има големи загуби во контраофанзивата на југоистокот од земјата. Нагласи дека на следниот Самит на алијансата следниот месец, во Вилнус, ќе биде испратен јасен сигнал за подготвеност за вклучување на Украина, по завршувањето на непријателствата во земјата.

Членките на алијансата ќе разговараат за создавање на советот НАТО – Украина, каде што Киев ќе може подеднакво да учествува во одлучувањето.