Свет

Се урна планински врв во Австрија, предизвика голем одрон

15.06.2023 10:05

Повеќе од 100.000 кубни метри карпи, паднаа во долината и предизвикаа лизгање земјиште...

Во австриската провинција Тирол се урна голем дел од планински врв, предизвикувајќи голем одрон. Повеќе од 100.000 кубни метри карпи, паднаа во долината и предизвикаа лизгање земјиште. Нема повредени.

Геолозите тврдат дека тоа се случило поради топењето на вечниот мраз, предизвикано од климатските промени.