Евроинтеграции
Бундестагот ќе донесе резолуција за Македонија
15.06.2023 10:11
Резолуцијата е насловена Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Предложена е од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.

Германскиот Бундестаг ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на нашата држава во ЕУ, но, и за поддршка на македонски јазик и на македонскиот идентитет.
Резолуцијата е насловена Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Предложена е од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.
Во германскиот парламент ќе се дебатира и за други документи за евроинтергацијата на Западен Балкан, како и за поблиски врски со регионов на патот кон ЕУ.
