Грција

Тридневна жалост во Грција откако потона брод со 500 мигранти

15.06.2023 10:11

Повеќе од 500 мигранти имало на бродот што се преврте и потона покрај брегот на јужна Грција. 79 луѓе загинале, а над 100 се спасени...

Повеќе од 500 мигранти имало на бродот што се преврте и потона покрај брегот на јужна Грција. 79 луѓе загинале, а над 100 се спасени. Многумина се исчезнати.

Грција прогласи тридневна национална жалост по една од најголемите несреќи од ваков тип во историјата на земјата. Бродот потонал 80-ина километри југозападно од градот Пилос, откако упорно одбивал помош.

Бродот веројатно со денови патувал од Либија за Италија.