Руско - украински конфликт
Нападнат индустриски капацитети во Криви рог
15.06.2023 10:21
Руски проектили погодија два индустриски капацитети во централниот украински град Криви Рог, во раните утрински часови...

Руски проектили погодија два индустриски капацитети во централниот украински град Криви Рог, во раните утрински часови.
Пријавен е напад со дронови и во Одеса. Три ракети погодиле две индустриски компании, кои немаат никаква врска со војската. Ранет е еден 38-годишен маж и оштетен автомобил од остатоци од проектили, соборени од противвоздушна одбрана.
Властите во Одеса соопштија дека воздушната одбрана ги соборила сите 18 руски беспилотни летала што се приближиле до регионот.
